X
 18.05.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена



Во Македонија во среда наутро не очекува уште едно невообичаено студено утро за овој период од годината со утрински температури кои ќе се движат од 0 до 9 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на дневните температури. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот и ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните температури од 14 од 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во среда по свежото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 22 степени. УВ индексот 8.

Во Македонија во четврток претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во крајните североисточни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Максималните температури од 16 до 27 степени. Во петок претпладне умерено облачно попладне нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните предели, локално и до 15 литри а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 14 до 25 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд и посвежо со максимални температури од 10 до 21 степен. Нестабилноста ќе продолжи и во недела кога се очекува умерено облачно време со врнежи од дожд и благ пораст на дневните температури кои ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот