X
 13.08.2015 Образование

И Средношколски пленум пaк ќе се активира од септември

Претставниците на средношколски пленум, исто како и претставниците на Студентски пленум, најавуваат активности за од септември, но засега не кажуваат што точно ќе прават.



На 15-ина дена пред новата учебна година, средношколците од пленумот велат дека остануваат на истите барања - да се укине математиката како задолжителен предмет што ќе се полага како дел од државната матура (нешто што во меѓувреме им беше исполнето), како и да претрпи измени екстерното тестирање, бидејќи според нив, не може оценката да се сведе само на резултати од екстерното, а да не се земе предвид активноста на ученикот во текот на целата година.

- Засега се` уште немаме ништо одлучено што ќе преземеме, иако не се откажуваме од нашите барања. Како и кои активности ќе ги започнеме засега не се знае, но во план се повеќе активности - велат во пленумот.

Средношколци, главно од неколку скопски гимназии изминатата учебна година неколку недели ја бојкотираа наставата и кампуваа пред зградата на Министерството за образование и наука. Тие изгубија многу од наставата, а откако заврши бојкотот, за да не се продолжи учебната година за овие ученици, професорите забрзано ги предаваа заостанатите лекции. Додека траеше бојкотот, родителите беа вознемирени поради целата ситуација и поради тоа што нивните деца беа препуштени без контрола во училиштата, каде што главно не се изведуваше настава.

Откако протестираа и го поставија импровизираниот камп, тие и преговараа со надлежните во МОН, но конечно решение не беше постигнато. Кампот го растурија поради безбедносни причини, а рекоа дека му даваат шанса на раководството на МОН три месеци за време на летниот распуст да размисли за нивните барања. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование