X
 07.12.2015 Образование

Премиерот најави бесплатен превоз за студентите и средношколците

Премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање на свечената академија во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод утрешниот државен празник Свети Климент Охридски, најави два проекти, бесплатен превоз за студентите и за средношколците.



Едниот од нив е обезбедување бесплатен превоз за студентите од државните универзитети, а вториот средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.

-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, рече Груевски.

Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти, но и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети во земјава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование