Сара Маневска, Марија Велкоска, Давид Димовски и Борче Исакоски учествуваа на Светската олимпијада за геонауки IESO 2022, која почна на 26 август и заврши денеска.
Марија Велкоска освои бронза (Data Mining Test) и сребро (Earth System Project), додека Борче Исакоски си замина со награда за Earth System Pledge.
- Изминативе месеци беа максимално искористени за подготовка на учениците преку теориска и практична настава, теренски истражувања. Подготовката ја спроведуваа менторите проф. д-р Ивица Милевски и проф. д-р Свемир Горин од Институтот за географија при ПМФ, Скопје - соопштија од Македонско географско друштво.
фото: ФБ-страница на Македонско географско друштво