Туристите кои планираат да ја посетат Турција треба да внимаваат на новите правила за пасоши.
Странските патници кои влегуваат во Турција мораат да имаат пасош валиден најмалку 60 дена од денот на истекот на визата на патникот, период на ослободување од виза или дозвола за престој за да можат да влезат во земјата пред 31 декември.
На пример, доколку еден патник ја напушта Турција на 29 август, тој треба да има пасош валиден најмалку до 20 октомври.
Почнувајќи од 2015 година, пасошите мораат да бидат валидни најмалку 60 дена од денот на истекот на визата на патникот, период на ослободување од виза или дозвола за престој за да можат да влезат во земјата. На пример, ако еден патник со виза која истекува на 20 мај 2015, мора да поседува пасош кој е валиден најмалку до 20 јули 2015 година.
Оние патници кои не ги исполнуваат новите барања, нема да можат да влезат во Турција.