X
 01.06.2018 Живот

Животни правила според далај-лама: „Понекогаш тишината е најгласниот одговор!“

На почетокот на новиот милениум далај-лама објавил 18 правила за успешен и среќен живот кои можат да ги применуваат сите луѓе во секојдневието, без разлика на религиската и политичката припадност.

1. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси нужно вклучуваат и голем ризик.

2. Во животот не можете да победите секојпат, но важно е со поразот да научите лекција.

3. Следете го правилото на „3П“. Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите, преземете одговорност за своите дела.

4. Понекогаш најдобрата работа што може да се случи е да не го добиете она што го сакате.

5. Добро научете ги правилата за добро да знаете и да ги прекршите.

6. Не дозволувајте малите несогласувања да им наштетат на големите пријателства.

7. Кога ќе сфатите дека сте згрешиле, веднаш направете сѐ за да ја поправите грешката.

8. Секој ден издвојте барем малку време да бидете сами со себе.

9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не напуштајте ги вашите вредности.

10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

11. Атмосферата преполна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.

12. При расправиите со саканата личност, земајте ја предвид исклучиво сегашната ситуација. Никогаш не повикувајте се на минатото.

13. Учете и делете го вашето знаење со другите. Тоа е единствен начин да станете бесмртни.

14. Чувајте ја мајка природа.

15. Одете еднаш годишно на место каде што никогаш не сте биле.

16. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која вашата љубов еден кон друг е посилна од потребата еден за друг.

17. Проценете го вашиот успех спрема тоа од што сѐ сте морале да се откажете за да го постигнете.

18. Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарите и ќе размислувате за него, ќе имате можност да уживате во него уште еднаш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот