X
 16.09.2015 Технологија

Golden Drum и Македонски Телеком во потрага по млади креативци

 Повик за креативно решение на тема: „Зависност од мобилни телефони и социјални мрежи“
Целосна котизација, платен пат и сместување за победникот

 
Интернационалниот маркетинг фестивал „Голден Драм“ (Golden Drum) кој годинава ќе се одржи од 13-16 октомври во Порторож во партнерство со Македонски Телеком по вторпат во Македонија го организира натпреварот „Млади креативци“ (Young Drummers). На отворениот повик може да учествуваат сите млади дизјанери (родени после 16 октомври 1985 година) со креирање на постер-решение на тема: „Зависност од мобилни телефони и социјални мрежи“.




Крајниот термин за пријавување со идејно и креативно решение е 28 септември, а прогласувањето на победникот е предвидено да се случи на 1 октомври.

Првонаградениот постер ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал.

Мобилните телефони веќе долги години се неизоставен дел од нашето секојдневие, а ова особено се однесува за генерацијата родена во дигиталниот свет. Истражувањата на Европската Унија потврдуваат дека употребата на мобилните или паметните телефони рапидно е порасната и тоа кај возрасната група меѓу 9 и 16 години. Децата во земјите каде се извршени истражувањата, во просек, за прв пат започнуваат со користење на интернет на возраст од 8 години, додека својот прв мобилен телефон го добиваат на возраст од 9, а започнуваат активно да ги користат веќе со навршени 12 години, додека возраста кога за првпат остваруваат контакт со интернет и гаџети, се намалува од генерација на генерација. Околу две третини од адолесцентите имаат профили на една од социјалните мрежи, и истовремено се генерално сигурни (потврдено со 79%), дека знаат како да ги користат на паметните телефони подобро од нивните родители.

Македонски Телком се грижи за етичко користење на мобилните телефони, особено кај адолесцентите.

Оваа актуелна тема е интересна за креативно изразување а сите заинтересирани млади креативци можат да ги споделат своите идеи и размислувања на зададената тема и да ги испратат своите предлози на: andrej.pavlovski@avaddb.com.mk или contact@avaddb.com.mk

Golden Drum е реномиран интернационален маркетинг фестивал кој своето прво издание го имаше во 1993 година. Оттогаш па се до денес успеа да се издигне во најголем и најважен фестивал во регионот кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји (Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Египет, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан).

Овој настан се одржува еднаш годишно во Порторож и се состои од богата и разновидна програма исполнета со предавања од страна на признати меѓународни професионалци и светски ѕвезди во рекламната индустрија. Македонски Телеком втора година по ред е партнер на Golden Drum.

Повеќе информации за правилата за учество на следниот линк: http://www.goldendrum.com/en/competition/yd-competition-macedonia/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија