Анализите на полисите во осигурителниот бизнис покажуваат дека процентуално
животното осигурување е најзастапено кај членовите на семејствата кои имаат
највисоки месечни примања или со други зборови , кај членот од кого финансиски
зависи целото семејство. Сте ги пресметале ли Вашите финансиски одговорности?
Дали некој финансиски зависи од Вас? Дали можеби токму Вие сте главниот
финансиски извор во семејството?
Пресметките кај секое поединечно семејство се различни. Тоа што е заедничко е дека
најголемиот процент од семејствата не успеваат да ги покријат трошоците. Тие
постојано се зголемуваат , а приходите никогаш не се доволни. Вашиот кредит
(станбен потрошувачки, автомобилски), износот на вашата кредитна картичка, вашите
трошоци за живеење (режиски трошоци, трошоци за храна и обувки), трошоци за
образование на вашите деца .....
Во колкава мера Вие учествувате во покривањето на тие трошоци?
- 30% ?
- 50% ?
- 70%?
Одговорот на сите овие непознати во осигурителнит бизнис го нуди полисата за
животно осигурување. Имено, животното осигурување претставува долгорочно
штедење и вложување во сопствено осигурување кое обезбедува финансиска
поддршка во животот како и заштита кога е најпотребно.
Благој Несторовски (50 ) од Скопје вели дека инвестирал во полисата за животно
осигурување на Кроација Осигурување, не само затоа што сакал да обезбеди
порелаксирани пензионерски денови, туку непомалку битно му е заштитата на
најблискaта фамилија. Според Благој со станувањето на сопственик на оваа
полиса тој веќе го има симнато товарот од одговорот на прашањето, Како да
обезбедиме иднина за нашето семејство?
Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна
поволност: истовремено осигурување и заштеда. Доколку се случи некој од ризиците
кои ги покрива, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно
со дотогаш припишаната добивка. Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува
финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен
настан со фатални последици (смрт). Ниту еден друг штеден инструмент во себе не
содржи ваков дуалитет. Не постои друг финансиски производ кој овозможува
долгорочно и сигурно штедење, притоа покривајќи ризици од појава на болест или
несреќен случај.
Регистрирајте се подолу за да се информирате подетално за придобивките од животно осигурување: