Во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар, Кроација осигурување и Стопанска банка неодамна ја проширија понудата на банкоосигурување на македонскиот пазар првпат овозможувајќи им на клиентите осигурување на отплата на кредит (во светот познато како CPI - Creditor protection insurance).
Со оваа понуда корисниците на новоодобрени кредити од Стопанска банка АД - Скопје добиваат можност да склучат договор за осигурување на отплатата на кредитот кој им обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи им на клиентите времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на отплатата на кредитот, како што се: губење на работа, незгоди, подолги боледувања и др.
Особено нè радува што за кратко време од воведувањето, oсигурувањето на отплата на кредит беше препознаено од клиентите како додадена вредност и веќе со почетокот на ноември (месецот на осигурувањето) ја забележавме продажбата на 100-тата полиса од овој вид осигурување. По тој повод, на 17. 11. 2021 година во рамките на новоотворениот i-bank corner на Стопанска банка во трговскиот центар East Gate Mall, покрај кратката презентација на новата понуда, доделен беше и пригоден подарок на 100-тиот корисник на Осигурувањето на отплата на кредит – викенд во Крушево за 2 лица.
Повеќе детали за можноста за користење на осигурувањето на отплата на кредит заинтересираните клиенти можат да добијат ексклузивно во сите филијали на Стопанска банка или на АлоКредит достапен 24/7 на (02) 15110.
За осигурување на отплата на кредит:
Осигурување на отплата на кредити (Creditor protection insurance CPI) е наменски развиено покритие со кое, во случај на остварување на предвидените ризици, од една страна Банката го намалува ризикот во случај на одредени настани во текот на животниот циклус на отплата на кредитот, а од друга, корисниците на кредит добиваат сигурност и редовно финансирање на своите обврски без оглед на состојбата во која се наоѓаат. Доколку се случи осигурен настан поврзан со смрт или трајна целосна неспособност за работа, семејството не го наследува долгот на заемот и останува финансиски заштитено затоа што неплатениот износ на заемот, кој исто така претставува и осигурена сума, ќе биде подмирен во целост. Од друга страна, доколку корисникот на кредит дојде во ситуација на невработеност или боледување, осигурувањето во периодот на траење на еден од овие настани ги надоместува месечните ануитети.
(Комерцијална објава)