X
 18.09.2015 Образование

Свечен час за новите студенти на УТМС

Во преполната сала на Амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 14.09.2015 година со одржувањето на свечениот час, и официјално се означи почетокот на академската 2015/16 година, за ново запишаните студенти на овој Универзитет. На свеченоста присуствуваа идните академски граѓани, кои одлучија своето образование да го продолжат на некој од петте факултети, кои функционираат во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент, односно Факултетот за туризам, за менаџмент на човечки ресурси, за претприемачки бизнис, за меѓународен маркетинг менаџмент и Економскиот факултет.



Присутните студенти ги поздрави Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, кој им посака топло добре дојде, во како што рече храмот на знаењето, при тоа потенцирајќи го значењето што УТМС бил нивниот избор за продолжување на образованието.

Ректорот Миленковски на идните студенти им го престави поединечно наставниот кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент, особено, задржувајќи се на она што преставува срж на работа на УТМС, односно методологијата на функционирање на оваа високо образовна институција.

Со оглед на фактот дека УТМС работи според методологија која се применува на светско ниво, идните студенти имаа потреба да се запознаат со начинот на работа и секако со сите можности кои за нив ги нуди УТМС, во рамките на академската година. Посебно внимание кај новите студенти предизвика образложувањето на Ректорот Миленковски на личната карта на Универзитетот, која во сферата на образованието завзема исклучително високо место.

По завршувањето на свечениот час Деканите на петте факултети имаа одделни средби со своите студенти, на кои им доделија идентификациски е-статуси.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование