X
 03.11.2015 Образование

Да се биде дел од УТМС е привилегија

Во преполната сала на Македонската опера и балет на 02.11.2015 година, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје , ја промовираше седмата герерација на дипломирани студени на прв циклус на студии и петтата генерација на магистрирани студенти на втор циклус на студии, од факултетите кои функционираат  во рамките на УТМС.




Свечената промоција започна со балетска престава, која всушност преставуваше симулација на она што преставува УТМС,пред се желба на младите за надградување на своето образование, но и секако можноста да се биде дел од еден од најдобрите приватни универзитети во Република Македонија.

На Свечена промоција дипломите на дипломираните студенти и магистри им ги врачи Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. Д-р Аце Миленковски, пред кој свечено се заколнаа и обврзаа дека чесно и одговорно ќе ги извршуваат своите идни работни обврски.

Одржувајќи го поседниот академски час Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. Д-р Аце Миленковски, во својата поздравна реч истакна:

„ Да се биде дел од Универзитетот за туризам и менаџмент, не е само можност, желба или одлука. Да се биде дел од УТМС е привилегија. Привилегија за оние кои знаат да го одберат најдоброто. Привилегија за оние кои сакаат да успеат во својот живот. Привилегија за оние кои сакаат да изградат кариера на цврсти основи. Таа привилегија им ја даваме ние. Овде на УТМС. Градиме кадар кој успева да доминира секаде каде што ќе биде испратен да извршува практична настава, или, пак да формира работен однос. Изготвуваме кадар,кој е свесен за своите способности и знаења. Кадар кој е претпознатлив по своите вештини. По своите компетенции. Кадар кој е едноставно најдобар. Најдобар, бидејќи имал можност да учи според методологија претпознатлива само за брендираните Универзитети во светот. Најдобар, бидејќи има диплома која е важечка во целиот свет. Најдобар, бидејќи студирал на Универзитет кој е дел од светската мрежа на знаење. Најдобар, бидејќи во својата диплома го носи знакот на Универзитет, кој по втор пат е прогласен за Супербренд во високото образование во Република Македонија“, рече Миленковски.



Обраќајќи им се на присутните родители на манифестацијата, Ректорот на УТМС, Проф. д-р Аце Миленковски, им посочи дека на своите деца треба да им кажат дека тие го оствариле не само својот, туку и нивниот сон. „Вечерва кажете им дека вашите мисли се само за нив. Кажете им дека нема ништо поубаво од тоа да бидете горд татко, мајка, сестра, сопруг, сопруга, момче или девојка. Кажете им дека го изодеа својот пат. Кажете им дека успеаја во својата цел. Кажете им дека неуспехот никогаш нема да ги стигне, ако нивната решителност да успеат е доволно цврста. Соберете го сиот здив во себе и кажете им. Кажете им колку сте горди вечерва“, додаде Проф.д-р Аце Миленковски.

На свечената промоција на најдобрите студенти на прв циклус на студии им беа доделени пригодни подароци, а за најдобра, односно со титулата Summa Cum Laude се закити Ардијана Љаља, која во името на сите додипломци истакна “Сметам дека човечките суштества се најмоќните свесни суштества на оваа планета. Луѓето имаат потенцијал не само да си создавааат среќен живот за себеси, туку и да им помогнат на другите луѓе. Токму ова го прави Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, кој ми овозможи да го реализирам мојот сон. Со реализација на сопствените потенцијали и со верба во сопствената способност може да се изгради подобар свет.  Врз таква основа, јас заедно со Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, успеав да се трансформирам себеси, зголемувајќи ги добрите особини, а намалувајќи ги негативните и со тоа надградувајќи се како лично така и професионално“, рече Љаља.



За најдобар, пак студент од втор циклус на студии, односно Magna Cum Laude беше прогласена студентката Ивона Равлиќ, која пред пристните рече„ Поимите лидер, најдобар и пример за останатите ги научив во оваа образовна институција, но не само теоретски, туку и на дело, од личноста која најдобро знае да го покаже тоа. Ви благодарам почитуван Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. Д-р Аце Миленковски, што ми покажавте како треба да се однесува еден лидер, како треба да се следи својот сон и како се постигнуваат поставените цели во животот. Воедно Ве уверувам дека ќе ја оправдам Вашата доверба кон мене, ќе ги практикувам Вашите чекори кон успехот, а оваа диплома ќе ми биде најјаката потпора во понатамошната кариера и силен доказ за моето знаење, вели Равлиќ.

На свечената седница присуствуваа и гости од други Универзитети од Република Македонија, како и гости професори од странство. Дел од нив носители на титулата Professor honoris  causa Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.


Доделени почесни титули за четворица еминентни професори и експерти


Во рамките на одбележувањето на девет годишнината од основањето на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, и годишната промоција на седмата герерација на дипломирани студени на прв циклус на студии и петтата генерација на магистрирани студенти на втор циклус на студии, на 02.11.2015 година во Амфитеатарот на УТМС се одржа Свечена седница.



На свечената седница на која присуствуваа бројни гости од земјава и странство на тројца професори и еден експерт од одредена област им беа доделени почесни титули. На свеченоста со пригодна реч се обрати и Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. Проф. д-р Аце Миленковски.
 
Врз основа на одлуката на Сенатот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, донесена на седница што се одржа на ден 20.10.2015 година, почесни титули , односно Почесен професор – Professor Honoris Causa,одлучи да им додели на  на  Академик Иво Шлаус од Република Хрватска, потоа на Проф. д-р Костантино Мендез Реи и Проф. д-р Делфина Габриела Гаридо Рамос од Португалија, како почесна титула Почесен доктор на науки-Doctor Honoris Causa, на Г-ѓа Лидија Топузовска.

Доделувањето на почесните титули беше одбележан на свечен начин во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде на добитниците покрај признанијата им беа доделени и свечени тоги и инсигнии.

По завршувањето на оваа церемонија Генералниот Секретар на Универзитетот за туризам, и менаџмент г-дин Зоран Ѓоргески да ја обзнани Одлуката на Сенатот на Универзитетот за доделување на златни плакети на вработените за пет години континуирана работа и посветеност на УТМС. Овие плакети им припаднаа на Проф. д-р Зоран Ивановски за пет години работа и посветеност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, потоа на Асс. м-р Владанка Давковска, Асс. м-р Гордана Серафимовиќ, Асс. м-р Јулијана Петровска, Асс. м-р Дејан Наковски, Асс. м-р Катерина Митевска Петрушева за пет години работа и посветеност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Асс. м-р Ангела Миленковска, Асс. м-р Андреја Мачкиќ за пет години работа и посветеност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Асс. м-р Мери Ничкова, Асс. м-р Горан Апостоловски за пет години работа и посветеност на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Горан Каровски, Драги Илиевски и Дијана Хаџи Арсова.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование