X
 20.09.2015 Технологија

Како да испратите пари преку Gmail?

Од 2013 година, „Gmail“ овозможува онлајн-испраќање пари преку „Google wallet“, систем за мобилно плаќање на компанијата. Интеграцијата со „Google wallet“ им овозможува на корисниците на „Gmail“ испраќање и примање пари на едноставен начин.


Како да испраќате пари со „Gmail“?

За да испраќате пари со сервисот потребно е да имате активна и-мејл адреса на сервисот. Доколку немате „Google wallet“, од вас ќе биде побарано да ја активирате опцијата. За почеток, влезете во „Gmail“ и притиснете на копчето за пишување нов и-мејл. Потоа, побарајте го редот икони веднаш над дното на екранот и најдете икона со знакот на доларот.

Кога ќе притиснете на иконата ќе ви се отвори нов екран кој од вас ќе побара да отворите профил „Google wallet“. Внесете го бројот на картичката која сакате да ја користите и внесете ги сите потребни податоци. Овој чекор не мора да го повторувате секогаш кога ќе испраќате или примате пари.

Конечно, внесете ја сумата која сакате да ја испратите, одберете го изворот на плаќање и прикачете ја исплатата во и-мејлот на ист начин како што прикачувате слика или документ. Кога ќе го испратите и-мејлот, парите ќе бидат префрлени од вашата сметка на другата сметка.

Доколку примате пари, процесот е сличен, но овојпат притискате „Claim money“ во и-мејлот во кој се испратени парите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија