Универзитетот во Сасекс им нуди на студентите до 100 фунти ако претрпеле „вознемиреност и непријатности“ во текот на неодамнешните штрајкови, со што стана првиот британски универзитет кој им дава надомест на студентите.
Овој потег е знак за зголемените напори на универзитетите за брзо решавање на поплаките на студентите и преземање акција преку судовите или регулаторите што може да доведат до поостри казни.
„Сасекс“ ја почна својата акција оваа недела испраќајќи е-пошта до сите студенти, поканувајќи ги да аплицираат за исплата на пари како резултат на штрајковите на националниот Универзитет и унијата на колеџи што се случија во ноември и декември.
- Признаваме дека некои студенти можеби доживеале непријатности и вознемиреност во текот на штрајкот. Затоа, даваме можност да ни кажете дали сметате дека сте доживеале вознемиреност и непријатност и до кој степен - вели Кели Коут, заменик-канцелар за образование и студенти.
Фото: Alamy
„Сасекс“ беше еден од 60. универзитети во Велика Британија каде што персоналот гласаше за осумдневен штрајк поради платите и пензиите. Покрај тоа, персоналот и понатаму презема акции и без штрајкот, како што е работа по строго договорено време, не покривајќи ги отсутните колеги, и одбива да презакаже предавања или часови изгубени во индустриската акција.
Студентите можат да аплицираат за надомест преку онлајн-формулар на веб-страницата на универзитетот. Од студентите се бара да ја оценат вознемиреноста во нивното учење како мала, умерена или значајна.
Џим Дикинсон, вонреден уредник на веб-страницата за политика за високо образование на Вонке, вели дека изгубените можности за учење се основа за студентите да бараат надомест од универзитетите.
- Се чини дека наместо да чека жалби со кои ќе заврши на суд, „Сасекс“ ги презеде работите во свои раце развивајќи шема за компензација - вели тој.
Додека многу универзитети им компензираат на своите студенти по индустриската акција во 2018 година, „Сасекс“ е првиот универзитет што нуди
компензација среде тековен спор.