X
 30.09.2015 Наука

Како се решава загатката на Ајнштајн?

Иако загатката ја напишал уште како мал, Алберт Ајнштајн уште од тогаш ја докажал својата генијалност со оглед на тоа дека, наводно, без проблем можат да ја решат само 2% од луѓето во светот.

 

zagatka


Ајнштајновата загатка сигурно е една од најпопуларните и најпознатите, но доколку не ја знаете, прочитајте ја и обидете се да дојдете до одговорот.

Се` што ви е потребно е логика и дедуктивен метод на донесување заклучок.

Има 5 куќи со 5 различни бои. Во секоја од куќите живее човек од различна националност. Секој од петте сопственици пие одреден вид на пијалок, пуши одреден вид на цигари и чува одреден милениче. Ниеден сопственик нема исто милениче, не пуши исти цигари и не го пие истиот пијалок со некој од другите сопственици.

Прашањето е: Чија е рибата?

Помош:
Британецот живее во црвената куќа.
Швеѓанецот чува кучиња како миленици.
Данецот пие чај.
Зелената куќа е од лево на белата куќа.
Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил цигари.
Човекот што живее во куќата во средина пие млеко.
Норвежанецот живее во првата куќа.
Човекот што пуши Бленд живее до оној што чува мачки.
Човекот што чува коњ живее веднаш до човекот што пуши Данхил.
Сопственикот што пуши Блумастер пие пиво.
Германецот пуши Принц.
Норвежанецот живее до сината куќа.
Човекот што пуши Бленд има сосед кој пие вода.

На видеото подолу можете да погледнете како да дојдете до договорот.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука