X
 10.01.2018 Забава

Можете ли да ги решите овие интересни загатки?


Илустрација - многу светилки
(Фото: Pixabay)


Сите сакаат да решаваат проблеми и загатки, вкрстени зборови, гатанки... Тие влијаат врз развојот на мозокот и го држат во „добра кондиција“ и во повозрасните години.

Брајт сајд“ нуди пет логички задачи – некои ќе можете да ги решите за неколку секунди, а некои можеби ќе ви одземат малку подолго време и напор. Дали сте подготвени за овој предизвик? Одговорите ве чекаат на крајот.

Мистеријата на лажната монета – Имате 3 златни монети, една од нив е лажна. Лажната има помала тежина од другите две. Како ќе одредите која монета е лажна?

Предизвик за готвачот – За да победи на натпреварот, готвачот треба да испржи 6 шницли за 16 минути користејќи само една тава. Во тавата можат да се пржат по 4 шницли. Како ќе успее готвачот да ги испржи сите за тоа време?

Кокошките и јајцата – Бабичката имала 3 кокошки кои за 3 дена снеле 3 јајца. Еден ден, бабата одлучила дека ѝ требаат повеќе јајца, па купила уште 12 кокошки. Колку јајца ќе има старицата за 15 дена?

Витезите и принцезата – Некогаш одамна кралот сакал да најде маж за својата ќерка, па организирал витешки турнир. Кандидатите морале да поминат преку низа предизвици, а на крајот останале само двајца. За да одлучи кој од нив ќе ја земе принцезата за жена, кралот им наредил да ги поведат своите коњи кон езерото. Оној чиј коњ ќе стигне последен, ќе ја добие раката на принцезата. Витезите тргнале лека-полека кон езерото, им требало една недела да стигнат до него затоа што ниту еден не сакал да стигне прв. Кога се симнале од коњите, принцезата им шепнала нешто на уво. И двајцата повторно се качиле на коњите, но овој пат се натпреварувале кој ќе стигне прв до езерото. Што им шепнала принцезата?

Трите врати – Момче во шумата пронашло една кабина. Одлучило да влезе во неа. Откако влегло внатре, вратата се затворила, а местото бил многу темно. Момчето го нашло прекинувачот за светло, но немало струја. Се чул глас кој му кажал дека може да излезе од кабината, но мора да избере една врата. Зад првата врата имало илјада отровни змии. Зад втората имало електричен стол и џелат, а зад третата гладен лав. Како ќе излезе момчето?





















Одговори:

1.    На двата таса од вагата ставете по една монета. Ако и двете имаат иста тежина, третата е лажна.
2.    Ставете 4 шницли во тавата и пржете ги 5 минути. Потоа, 2 шницли превртете ги на другата страна, а другите две, полупечени, извадете ги и заменете ги со две непечени, и пржете ги 5 минути. По 5 минути извадете ги двете што еднаш веќе ги свртивте, па вратете ги недопечените и пржете ги 5 минути.
3.    Ако мислевте дека одговорот е 15, сте погрешиле. Ако 3 кокошки за 3 дена несат 3 јајца, тоа значи дека една кокошка неси едно јајце на секои три дена. Тоа значи дека за 15 дена секоја ќе снесе 5 јајца, односно 15 кокошки ќе снесат вкупно 75 јајца.
4.    Принцезата им шепнала да ги заменат коњите.
5.    Момчето треба да ја избере вратата каде што има електричен стол и џелат затоа што во кабината нема струја, па џелатот не ќе може да му наштети.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава