X
 30.09.2015 Живот

Месечен хороскоп за октомври 2015 година

Што ѕвездите ви порачуваат за есенските денови?

 

хороскоп

 

Овен

Месечниот хороскоп вели дека клучни зборови за овој месец се: јавност, договори и партнерства. Месечниот хороскоп предвидува доста позитивни случувања во јавноста, што е нешто што го посакувате. Ако имате на ум било какво правење на договор, тогаш добро би било да вложите максимален напор за да дојде до договор и договорот да биде плоден. На љубовен план активностите ќе бидат концентрирани на договори па овој месец ќе постои можност да запливате во брачните води.

Здравје - Поради Марс во Девица, ќе бидете под стрес.

Бик

Сите добри вибрации се насочени во куќата на здравјето и работата. На овој план ве очекува позитивен тренд па овој месец е идеална можност за нови договори и бизнис планови. На работното место ќе биде забележан вашиот труд и фер односите кон вашите колеги. Можете слободно да очекувате награда. На љубовен план ќе мора да бидете внимателни во односите со партнерот во првата декада на месецот бидејќи може да дојде до несакани настани. Доколку сте осамени, обрнете внимание на Девиците и Вагите.

Здравје
- На здравствен план се можни проблеми со дигестивниот тракт.

Близнаци

Овој месец е поволен за нова работа и бизнис кај оние кои се одлучиле за претприемништво. Оние кои не се сигурни во тоа, дотогаш немале искуство во тоа прашање, па подобро да се посоветуваат пред да се впуштат во оваа авантура. На професионален план, поради влегувањето на Јупитер во знакот на Девица, на работен план не се во согласност со вашите амбиции. Овој месец е погоден за нова љубов и нови флертувања, доколку тоа е вашиот избор.

Здравје - На здравствен план обрнете внимание на стресот и бидете потолерантни.

Рак


Дека работите не одат онака како што сте замислувале, брзо ќе се уверите бидејќи ќе ви биде тешко да пронајдете заеднички јазик со работното опкружување, а без добра комуникација, не оди ништо на добро. Убави околности и случувања на семеен план. Наскоро доаѓа стабилизација во односите со членовите на семејството што е олеснување кое ќе ви донесе стабилнот и позитивна вибрација. На љубовен план работите нема да одат во добра насока, прво поради ретроградниот Меркукр, а потоа поради Венера која се наоѓа во знакот на Девица.

Здравје - На здравствен план подгответе се за предизвици, предизвикани од Јупитер кој се наоѓа во Девица.

Лав

Јупитер во вашето поле на финансии ќе ве штити вас и понатаму и ќе ви обезбеди пари но ако сакате повеќе пари, морате добро да ги засучите ракавите. Парите ве чекаат низ добра комуникација со опкружувањето. Центарот на случувањата за овој месец е во комуникацијата, одењето на кратки патувања и односите со браќата и сестрите. Ова е одлична можност за да ги поправите односите и комуникацијата со опкружувањето и да им покажете дека вашите изјави и намери во минатиот период беа во позитивен контекст. Венера, планетата на љубовта, само во првата декада од месецот ќе биде во ваш знак, искористете го тоа.

Здравје - Очекувајте проблеми со стомакот.

Девица

Овој месец фрла светло на позитивни вибрации на полето на финансиите како и уживање во храната. Ова ќе биде одличен период да ги наполните дупките во буџетот. Охрабрени со финансиски резултати, ќе заклучите дека е вистинско време да ја донесете одлуката за која одамна се двоумите - дали да го напуштите работното место и да барате нешто подобро. На љубовен план, во влегувањето на Венера во вашиот знак, до почетокот на втората декада на месецот, можете да се надевате на подобри можности на љубовен план, без разлика на тоа дали сте во врска или моментално сте сами.

Здравје -
Хранете се умерено и посветете време на одмор од секојдневните обврски.

Вага

Сончевиот сјај и енергијата ќе ви дадат мотивација и понатаму да работите со полна пареа. Една Девица ќе ви помогне да постигнете брилијантни резултати на работа. Ова е период на афирмација на вашето его и можност да направите многу работи за кои само сте сонувале. На љубовен план, ретроградниот Меркур и Сатурн во Стрелец, ќе предизвикаат неповолности во комуникацијата со вашиот партнер. Доколку немате партнер, добро би било да му дадете шанса на еден Стрелец и Овен.

Здравје - Одлично.

Шкорпија

Месечниот хороскоп предвидува зајакнување на внатрешниот потенцијал, минимизирање на стравовите и доживување огромен успех. Овие планетарни можности одамна ви недостигаа, толку многу, што многу области во вашиот живот трпеа поради тоа. Со зајакнувањето на психолошкиот потенцијал ќе почувствувате силна потреба за соочување со проблемите и задачите. На љубовен план не очекувајте подобрување во однос на претходните месеци, а доколку немате партнер добро би било да го пронајдете помеѓу Девиците.

Здравје - На здравствен план настапува време кога е најдобро превентивно да делувате против акутни заболувања.

Стрелец

Сонцето ќе фрли светлина и на заработката од професијата со која се занимавате, што ќе донесе прилив на пари, а ако сте вредни ќе постои и можност да ги зголемите вашите недвижнини. На полето на кариерата работите тргнаа на подобро од минатиот месец, но бидете спремни на стрес и вложување на доста енергија. На љубовен план ви се предвидува доста комуникација и дружење со пријателите. Ова е можност да стекнете нови и да ги зацврстите старите пријателства.

Здравје - На здравствен план очекувајте мали компликации би депресивни епизоди.

Јарец

Во месец сте кој е доста важен за вас. Ова е навистина месец на добри, ако не и најдобри можности за вашата кариера. Покрај планетата Меркур, позната по друштвеноста и комуникацијата, тука е и сонцето кое ќе ја насочи енергијата кон добри можности и околности во ваша корист. Овој месец е одлична можност да добиете преместување на поатрактивно и подобро платено работно место. Невработените би требало да вложат дополнителен труд во пронаоѓањето на работа бидејќи овој месец е одлична можност кога станува збор за кариерата. На љубовен план, Лавот ќе ги контролира вашите емоции.

Здравје - Можни се респираторни инфекции.

Водолија


Ова е месец кога ќе почнете доста да размислувате за тоа како да дојдете до повеќе пари. Ќе се обидете да извлечете поука од неуспехот, за на полесен начин да дојдете до посакуваната цел. Вашата упорност ќе ви помогне да ги пребродите проблемите на кои другите луѓе паднаа. Не се плашете од предизвиците. На љубовен план работите ќе започнат да се движат подобро од 10  октомври, а дотогаш внимавајте и немојте многу да зборувате. Ќе наидете на поддршка од Стрелец и Риби.

Здравје - Ништо потешко, единствено ќе ви фали позитивна енергија.

Риби

Овој месец изобилува со настани, договори, пари, психолошки игри, духовно воздигнување и морална сила. Рибите излегоа од месец во кој беа под влијание на негативноста. Оние кои направија некој договор или започнале нова работа, во овој месец може да очекуваат финансиски прилив. Добрите трендови од минатиот месец продолжуваат и во овој. На љубовен план, оние кои се во врска или во брак, конечно се ослободуваат од стресот, депресијата и останатите ментални проблеми. Со влегувањето на Венера во Девица ви се отвора нова можност за нови врски.

Здравје - Духовно просветлување, а со тоа и подобро здравје.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот