Што ѕвездите ви препорачуваат за претстојниот месец?
Овен
Работа
На работен план се` се враќа во вообичаено темпо. После бурниот јануари, настапува период со помалку напнатост и активности. Сега оправдано можете да го забавите темпото и да ги соберете плодовите од вложениот труд во претходниот период. Вашето семејство и пријателите исто така ќе бидат задоволни со вашите достигнувања на работа и ќе бидат полни со разбирање и поддршка за вашите идни планови. Кога станува збор за пари, добро расудувате и мали се шансите некој да ве измами.
Љубов
Февруари ви донесува многу активности. Партнерот ќе го изненадат страста и свежата енергија. Тоа ќе ја врати романтиката во врската. Кај Овновите без партнер ќе се укажат многу можности за запознавање на потенцијални партнери. Чувајте се од претерување со флертувањето. Од 17 февруари поголеми се шансите да запознаете интересна личност онлајн.
Здравје
Целокупната здравствена состојба ви се поправа и ви се враќа енергијата.
Бик
Работа
Се`уште трае периодот на нижење успеси на работа и зголемена самодоверба. Имате чувство дека можете да направит се` што ќе замислите и ви се чини дека сте на чекор пред сите. Омилени сте кај шефовите. Во периодот од 1 до 5 февруари, избегнувајте непотребни патувања. На студентите овој период тешко ќе им падне - ќе имаат потешкотии за време на полагањето на испитите кои можат да остават долгорочни последици врз образованието и кариерата. Вработените Бикови ќе донесат повеќе пари овој месец
Љубов
Помеѓу 5 и 8 февруари се јавува изненадувачка можност за романса или пријателство. Ќе привлекувате духовити луѓе во вашиот живот. Духовната компатибилност ќе ви биде подеднакво важна колку и физичката. Ова е добар период за зајакнување на семејниот дух и зближување со вашето семејство и најблиските.
Здравје
Внимавајте на зглобовите и рамената.
Близнаци
Работа
Кариерата ви напредува, но од 19 февруари ве очекува навистина напорна работа. Внимавајте да не претерате и да се турните себеси преку границите на вашите можности. Ве очекува период во кој вашиот успех ќе го достигне врвот за 2017 година. Втората половна на февруари и првата половина на март се клучни. Сконцентрирани сте на кариерата. Ќе ги воодушевите надредените со вашите дипломатски способности но и со идеите.
Љубов
Ова ќе биде активен период во однос на минатиот месец, кога станува збор за љубовта. Особено среќни денови ќе ви бидат 5, 7, 9 и 11. Осамените Близнаци ги очекуваат бројни романтични можности во кои пријателите и семејството ќе играат доста важна улога. Сепак нема потреба да брзате, бидејќи вистинскиот момент самиот ќе дојде. За слободните Близнаци претстои сушен период.
Здравје
Здравствената состојба значително се подобрува.
Рак
Работа
Ќе се фокусирате повеќе кон благосостојбата на другите отколку на својата. Така ќе биде се` до 19 февруари. Тогаш можете да очекувате повик од странство, па дури и патување во некоја друга земја. Очекувајте пари од некој невообичаен извор. Некој ќе ви го врати долгот на кој одамна сте заборавиле или ќе ви пристигнат некои заостанати примања. Ова е поволен период да се занимавате со порезите и недвижнини. Крајно време е да ги исплатите долговите и да го вратите она што сте го позајмиле.
Љубов
Со партнерот ви оди одлично, а можете да очекувате и финансиска поддршка. Ова е време да се фокусирате на вашата кариера. Семејството и работата ви се многу важни, како и секогаш, но сега повеќе од корист ќе им бидете на вашите работни успеси. Доколку имате деца, тие нека ви служат како голем двигател. Осамените ракови ќе имаат тенденција слободните моменти да ги поминат шетајќи.
Здравје
Најдобро ќе се чувствувате кога ќе помине 19 февруари.
Лав
Работа
Февруари е месец на вашето „враќање во игра“. Доаѓа време на реализирање на вашите планови на работно поле кои започнале претходниот месец или започнување на сосема нов проект. Вистински момент е да дадете нешто ново и различно. Најповолен период за иновации е од 8 до 19 февруари. После турбулентниот почеток на месецот, очекувајте подобрување на финансиската ситуација. Бидете внимателни при инвестирање.
Љубов
Продолжувате да се грижите за вашите најблиски, повеќе отколку за себеси. Иако себеси веќе некое време не се ставате на прво место, не ви недостасува љубов, бидејќи околината умее да го цени она што го правите за нив. Иако се чувствувате дека не сте „свои“, вашата популарност во друштвото делува како надоместок за ова чувство.
Здравје
Продолжете ја работата која ја започнавте минатиот месец, за да одржувате добра здравствена состојба.
Девица
Работа
Месецот февруари ќе биде особено добар за нови проекти, основање на фирма, започнување на нова работа, склопување договори или лансирање нови производи. Ќе напредувате брзо кон вашите цели. Во периодот од 8 до 22 февруари ќе можете да делувате како што успехот ќе ви пристигнува преку ноќ. Доколку барате работа, ова ќе биде период на добри можности за вработување. Исто така, добро време е да вработите некоја нова личност, доколку имате ваша компанија.
Љубов
Ќе запознаете креативни луѓе со одлична смисла за хумор. Ќе се најдете во друштво на уметници и интелектуалци. Друго друштво нема да ве интересира. Колку и да ви е важен физичкиот изглед, овој месец најмногу ќе ве возбудува спојот на духовна компатибилност со физички магнетизам. Љубовните средби ќе се случуваат на јавни настани, веројатно од хуманитарен карактер.
Здравје
Внимавајте на рацете, зглобовите, вратот и колковите.
Вага
Работа
Ова е вистинско време да започнете да работите на некој нов проект или да се впуштите во нова бизнис авантура, бидејќи февруари ќе ви биде особено среќен месец. Овој месец ќе имате одлични моменти за уживање во вашиот живот и препуштање на вашата креативност - работата од вас ќе бара имагинација и креативност па тие и тоа како ќе ви одат од рака. Поврзувањето на работата и задоволството ќе ве исполни и енергетски ќе ве поттикне. Доколку барате работа, најповолен период за тоа е после 19 февруари.
Љубов
Иако сте обично романтично расположени, овој месец ќе доминира вашата практична страна. Затоа ќе ве привлекуваат богати и влијателни луѓе. Од ваша страна, љубовта ќе ја покажувате и на материјален начин - постојано ќе им подарувате подароци на саканите личности. Како што ќе ја покажувате вашата љубов, така ќе очекувате и вам да ви се покажува љубов. Уживајте во она што ви го донесува периодот, но не се занесувајте претерано.
Здравје
Во текот на овој месец, здравјето постепено ќе ви се поправи.
Шкорпија
Работа
Време е да ја спроведите на дело, идејата која ви се врти долго време во главата. Ова е и поволен период за оние кои се подготвуваат во јавноста да пласираат некој нов производ. Најдобриот период за работа овој месец ќе биде од 8 до 22 јануари. Сепак, ова истовремено ќе биде периот во кој ќе ја вежбате вашата несебичност. Обрнете повеќе внимание на другите и нивните желби, бидејќи најдобрите резултати ќе ги постигнете токму со колективна работа.
Љубов
Љубовта овој месец ќе биде близу вашиот дом - може и во соседството, барем што се однесува во првата половина на месецот. Помеѓу 9 и 11 ве очекува доста пријатна средба. Но, ќе делувате ладно. Иако по природа не сте ладна личност, другите така ќе ве доживуваат. Затоа е важно да вложите малку труд и на другите да им ја пренесете вашата топлина и вашата љубов. После 17 февруари љубовта уште повеќе се приближува кон вашиот дом.
Здравје
Доколку сте размислувале за психотерапија, ова е вистинскиот момент.
Стрелец
Работа
Почетокот на годината ви донесе моќ и независност на работен план, меѓутоа на љубовен план ви одзеде. Овој месец ќе имате можност вашата лична среќа да ја земете во свои раце и самите да преземете одговорност за околностите. И понатаму сте во можност сами да ги креирате сопствените шанси и да го менувате она што не ви оди. Февруари ќе биде добар за започнување бизнис или некаков проект. Доколку барате работа, шанса ви се отвора кон крајот на месецот.
Љубов
На емотивен план работата се поправа. Особено поволен период ве очекува помеѓу 7 и 14 февруари, кога е можност ведро и освежувачко романтично искуство, најверојатно поврзано со работата. Во првата половина на месецот ќе ве привлекуваат моќта и богатството, додека втората половина на февруари интересот се преместува на интелект.
Здравје
Здравјето ќе биде добро, меѓутоа во втората половина на февруари ќе ви биде потребен поголем одмор.
Јарец
Работа
По природа, амбициозните Јарци овој месец ќе имаат интересно необично искуство за зацврстување на семејните врски, бидејќи стабилниот семеен живот доста ќе придонесе во постигнување на успех на работа. Доколку се впуштате во некои нови бизнис подвизи, идеално време за тоа е средината на месецот. Парите ќе ви бида доста важни и успесите ги мерите токму со вашата заработка. Од почетокот на годината невработените Јарци веќе добиваат работни понуди, а уште една шанса се отвора помеѓу 5 и 7 февруари. Можно е да се случи за време на патување.
Љубов
Состојбата на љубовен план е стабилна - ништо посебно не се случува, но не ви е приоритет. Задоволни сте онаму каде што моментално се наоѓате. Ќе ви одговараат неконвенционални работи и искажување на чувствата на крајно необични начини кои и за вас се прилично чудни.
Здравје
Одлично! Можете да почувствувате благ замор во втората половина на февруари.
Водолија
Работа
Наместо, како по обичај, да чекате да дојде пролетта за да се впуштите во нови работни подвизи, зошто не би започнале веднаш? За Водолиите родени помеѓу 20 јануари и 8 февруари, периодот од 8 до 20 февруари ќе биде особено поволен. Ова ќе биде месец на поголемо залагање на полето на кариерата. Меѓутоа тоа создава конфликтна ситуација во вас, бидејќи вниманието сакате да го посветите на семејството и емотивните потреби, па ќе бидете малку растргнати помеѓу приватниот и бизнис планот.
Љубов
За осамените Водолии во февруари ќе се реализираат можности за интересни љубовни средби и авантури, меѓутоа постојат шанси и за сериозна љубов. Почетокот на месецот ви носи драма на личен план и отстапувања од саканиот животен пат. Може да дојде до пореметување во семејната хармонија, меѓутоа ќе ја пребродите таа краткотрајна криза доколку со заеднички сили го решите проблемот.
Здравје
Без промени.
Риби
Работа
На сите полиња стапнувате со сигурен чекор и се движите кон вашите цели, освен на работен плат. Во поглед на кариерата, наидувате на потешкотии. Тоа не е ништо што не може да се реши и преброди, меѓутоа потребно е повеќе да вложите и да работите. Што се однесува до парите и овој месец вашата финансиска состојба ќе биде тесно поврзана со странство, странски компании и клиенти од други земји. Поволни можности за работа ве очекуваат дури во последната третина на февруари.
Љубов
Овој месец се` ќе зависи од вашата подготвеност и способност да одржувате рамнотежа и да ги прифатите компромисите за да го усогласите вашиот личен интерес со интересот на вашиот партнер. Ќе мислите дека секој си влече на своја страна - вие сакате да биде по ваше, а партнерот сака да биде по негово. Иако моментално делува како вие двајца да сте различни светови, не брзајте во донесувањето одлука поради која може да зажалите. Времето ќе покаже дали овие разлики се привремен или траен проблем.
Здравје
Февруари ќе биде месец во кој ќе се чувствувате добро, што особено ќе се одрази на вашиот изглед.