X
 01.10.2015 Образование

17-годишник изградил мост за децата безбедно да одат на училиште

Есхан Балбале, 17-годишен ученик од Бомбај, неодамна направил гест со кој им помогнал на сите деца во регионот. Се работи за изградба на мост со кој децата добиле безбеден пат до училиштето. Претходно, децата морале да преминуваат нечист канал за да стигнат до училиштето.


Мостот кој го направил тинејџерот е широк речиси еден метар и половина, а долг 30 метри и е направен од бамбус.

- Започнав да работам на овој проект на 20 август. До пред еден месец, децата морале да поминуваат низ валкан канал за да стигнат до училиштето - вели Балбале.





Преминувањето на каналот претставувало ризик за добивање кожни инфекции, маларија, тропска болест и други болести.

Балбале изјавил дека не добил никаква помош од надлежните власти и му помогнала само невладината организација „Nirbhay Yuva Partishthan“. Работата на мостот траела осум дена.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование