Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува само западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 28 степени. Воздушниот притисок ќе биде во опаѓање и ќе има вредност околу 1012 хектопаскали.
Во Скопје во вторник во утринските часови услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.
Во Македонија во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и посвежо. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни часови, а локално се очекуваат да наврнат од 10 до 15 литри дожд. Максималните температури од 11 до 22 степени.
Во четврток умерено облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд. Утринските температури од 7 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.
Во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13 односно до 24 степени. Услови за слаб дожд ќе има во крајните североисточни предели.
Во сабота Македонија ќе биде под влијание на циклон од Медитеранот кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд. Максималните температури од 19 до 21 степен.
Weather4all.com.mk