Денес е четврток, 2 март 2017 година, 61-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:02, а ќе зајде во 17:29 часот. Денот ќе трае 11 часа и 27
минути.
Во утринските часови во Македонија имаме претежно ведро и посвежо утро.
Појава на локална облачност имаме само во крајните североисточни
предели.
МАКЕДОНИЈА – По свежото утро поради северното воздушно струење, а во
текот на денот не очекува претежно сончево време со појава на локална
облачност, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен северозападен ветер
кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Температурите иако во опаѓање
повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината, утринските од
-4 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 8 до 18 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претежно сончево, ветровито и топло. Ќе
дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 2 степени,
додека максималната до 15 степени
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок и сабота по свежите но и потопли утра во
текот на денот ќе биде сончево и топло. Во петок утринските температури
од -3 до 6 степени, а дневните од 9 до 19 степени, додека пак во сабота
минималните од -1 до 7 а пак максималните од 11 до 20 степени. Во
недела се очекува зголемување на облачноста и умерено облачно време со
повремени сончеви периоди но и топло со максимални температури од 12 до
21 степен. Умерено облачно време со сончеви периоди и посвежо се очекува
во понеделник кога дневните температури ќе се движат од 9 до 18 степени,
а во попладневните часови постојат и услови за локални врнежи од дожд.
Weather4all.com.mk