X
 07.10.2015 Живот

Обединети против насилство врз жените

„Обединети против насилство врз жените“ е проект на четири млади активистки, од Скопје, Бар, Ријека и Загреб, кој има за цел подигање на свеста за проблемот на насилство врз жените. Проблем за кој активистките сметаат дека  во нашите патријархални општества се игнорира и традиционално ја продолжува својата егзистенција.




„ Сакаме да го запреме молкот кој оваа проблематика го предизвикува. Молкот значи одобрување на насилството. Дали е подобро да молчиме или да се вмешаме во насилна врска/брак за да го запреме насилството? Насилството не може, и нема, да запре доколку го игнорираме. Не постои изговор, ниту доволно добра причина, која може да го оправда насилството врз жените. Ниту една жена не е должна да трпи насилство со цел да го заштити својот дом, својата врска, своите деца, својот „углед“ во општеството. Мораме да престанеме да ја обвинуваме жртвата на насилство, за она што и се случува, и да започнеме да бараме одговорност од насилникот.“ – вели Љупка Трајаноска реализатор на проектот во Скопје.





Првата активност беше реализирана во Скопје со испраќање на пораки, на македонски и албански јазик, на јавни локации низ целиот град. Во соработка со Национална мрежа против насилство врз жените и СОС Кризниот центар „Надеж“ на пораките беа истакнати СОС линии (02/15700 и 02/15315) на кои жртвите на семејно насилство можат да се јават и побараат помош.
„ Должност и обврска на секој од нас е да помогнеме и да дадеме свој придонес во спречувањето на насилството врз жените и не само затоа што жените се наши мајки, сестри, ќерки, туку затоа што пред се, тие се луѓе.“ – додава Трајановска.





Проектот продолжува со одржување на работилница за средношколци на возраст од 16 до 18 години, која ќе се одржи на ден 13.10.2015 година во организација на Националниот совет за родова рамноправност.

Преку работилницата предвидена е едукација на младите луѓе за проблемите со кои се соочуваат жените-жртви на насилство, зајакнување и охрабрување на младите жени, вежбање на контрола на бес кај момчињата, предизвикување емпатија и поттикнување на активизам за решавање на овој проблем.

Заинтересираните средношколци за учество на работилницата можат да се пријават со испраќање mail на project.uevaw@gmail.com со назнака: Пријава за работилница, име и презиме, години и училиште кое го посетуваат, најдоцна до 10 окотомври 2015 год.

Проектот „Обединети против насилство врз жените“ беше основан на пролетната школа за родова демократија која се одржа во месец мај 2015 година, во Цетиње, Црна Гора, организирана од Balkans let's get up!
Подготвил: Сунаи Сабриоски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот