X
 06.09.2019 Живот

Жените од ЈАР бараат вонредна состојба поради насилствата врз нив

Илјадници жени излегоа на улиците на Кејптаун, главниот град на Јужноафриканската Република, поради неможноста на властите да се справат со порастот на насилството врз жените. Според најавите, демонстрантите денеска ќе ја блокираат земјата и ќе ги повикаат надлежните да прогласат вонредна состојба во земјата.

Во Кејптаун жени облечени во црно и виолетово маршираа кон парламентот во знак на сеќавање на убиените во август, кога во семејно насилство настрадаа најмногу жени во историјата на таа земја, пренесува „Гардијан“.

Според официјалните податоци, секојдневно во ЈАР се случуваат по 137 сексуални престапи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот