X
 07.10.2015 Економија

Што треба да направите за да можете да заштедите?

Една од побитните човечки доблести е да имате јасна слика за својот домашен буџет, својата заработувачка, редовни и останати приходи, како и уште појасна слика за секојдневните трошоци за намирници, медицински препарати, режиски трошоци ...

Јасно дефинираните желби и цели ќе станат Ваша реалност само доколку ги имате на ум како Ваш приоритет при секојдневното изложување на нови трошоци, кои често знаат да бидат и сосема непотребни и да Ве изложуваат на непотребни задложувања.

Често купуваме работи за секој случај, затоа што можеби ќе ни затребаат, за да се најдат... Дали знаете на што ги трошите Вашите пари? Одвојувањето на еден мал дел од Вашиот домашен буџет денес, може да значи остварување на Вашите животни желби утре. Вашата животна цел ќе биде уште подостижна доколку си поставите и временска рамка за нејзно остварување.

Орочениот депозит во банка, или штедењето во банка е најкласичен начин на штедење. Многу често луѓето се одлучуваат своите пари да ги штедат во банка, бидејќи овој начин на штедење го сметаат за најсигурен и најбезбеден.

Модерното пазарно општество ги проширува можностите благодарение на воведувањето на нови финансиски инструменти , па така денес се почесто луѓето се одлучуваат за штедење и преку животно осигурување. Животното осигурување е единствен финансиски инструмент со кој нуди двојна поволност штедење со истовремено осигурување. Македонските граѓани го следат овој пазарен тренд, па така животното осигурување во последните години претставува најбрзо растечки финансиски инструмент во државава.



Во услови кога каматните стапки за долгорочно штедење во евра во просек се движат во интервал од 1,4% - 2%, вложувањето во животно осигурување се јавува како интересна инвестиција.

Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на вложените средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период.

Односно, доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишува осигурителната компанија „Кроација Осигурување - Живот“.

Регистрирајте се за да се информирате подетално за придобивките од животно осигурување

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија