X
 28.10.2015 Култура

По 19-ти пат СКОПЈЕ ОПЕН - Меѓународен танцов натпревар



На 7ми Ноември, сабота, во Македонска Опера и Балет ќе се одржи меѓународен танцов натпревар СКОПЈЕ ОПЕН. Традиционално, по 19ти пат, Скопје ќе биде домаќин на најдобрите танчери од Европа.

СКОПЈЕ ОПЕН е во организација на Димче Алексоски, директор на танцовиот клуб Ритам Плус и Тамара Ѓурчиновска, директор на балетско студио Арт Балет.



Натпреварот трае цел ден на 7ми Ноември, од 10 часот наутро до 10 часот навечер. Гала вечерта е со почеток од 20 часот каде ќе се претстават најдобрите од најдобрите и ќе се натпреваруваат за навистина вредни награди: стипендии на значајни академии за танц во Европа, учества на едни од најдобрите европски натпреври, како и парични награди.

Оваа година СКОПЈЕ ОПЕН е со рекорден број на пријавени натпреварувачи од 12 европски земји, a истиот е поддржан од Град Скопје.



Во судискиот состав има навистина еминентни имиња од светот на танцот : Олга Панго и Горан Божинов од Македонија, Стефано Селати, Сабрина Боско и Паоло Лонди од Италија, Ники Мичаира од Грција, Захари Нанков и Кремена Атанасова Шопова од Бугарија, како и Оља Јовановиќ од Србија. Како помошни судии се јавуваат организторите на СКОПЈЕ ОПЕН, Димче Алексоски - директор на Ритам Плус и Тамара Ѓурчиновска - директор на Арт Балет.

Картите се веќе во продажба на билетарата на МОБ. Истите се со цена од 200 денари, а важат за целиот ден.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура