Љубителите на убавото танцување овој викенд на 5ти и 6ти Ноември, ќе имаат можност да го проследат традиционалниот 20-ти меѓународен танцов натпревар, СКОПЈЕ ОПЕН 2016.
Организатори на овој настан се Ритам Плус-Скопје и Арт Балет-Скопје, заедно со директорите Димче Алексоски и Тамара Ѓурчиновска.
Скопје Опен 2016 ќе биде домаќин на досега рекорден број земји учесници. Ни доаѓаат танчери од Италија, Романија, Белгија, Грција, Кипар, Унгарија, Словенија, Турција, Египет, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и други.
Квалитетот на овој меѓународен настан секоја година станува се поголем, а истиот веќе го препознаваат на повеќе континенти.
На натпреварот ќе судат лиценцирани меѓународни судии од 8 држави, кои навистина ќе имаат тешка задача да ги одберат најдобрите танчери и настапи.
Латиноамерикански и стандардни танци, хип хоп, класичен балет, модерен балет, стомачен танц, салса и многу други танцови дисциплини ќе бидат само дел од овогодинешниот Скопје Опен 2016.
Организаторскиот тим на Скопје Опен, оваа година организира и работилници по танцов театар, модерен балет, хип хоп и афро денс, заедно со инструкторите Јаница Атанасова (Бугарија) и Крис М’Рон (Швајцарија). Овие работилници исто така ќе се одржуваат во Македонската Опера и Балет на 5ти и 6ти Ноември.
Картите можете да ги купите на билетарата на Македоснката Опера и Балет.