X
 14.11.2015 Наука

Најголемиот научен експеримент на Земјата

Научниците сакале да знаат дали би можеле да ги реплицираат еколошките системи на Земјата. За таа цел, среде пустина во Аризона бил изграден затворен систем познат како „Биосфера 2“ (со тоа што „Биосфера 1“ би била Земјата).


Проектот започнал уште во доцните 1980-ти години. Идејата била да се тестира можноста на рекреирање на еколошкиот систем во затворена околина за да се овозможи живот во вселената на подолг период.

Проектот наишол на многу проблеми. На почетокот на 1990-те, осуммина тргнале да живеат во градбата на период од цели две години. Сета храна, вода и сè останато требало да се произведува во биосферата. Проектот завршил порано од планираното бидејќи нивоата на кислород се намалиле толку многу веќе во првата половина година. Медиумите го оцениле проектот како неуспех.

Втората мисија започнала во 1994 година, но завршила само 6 месеци по почетокот поради проблеми со менаџментот и поради саботажа на проектот од страна на двајца членови. Луѓето кои стојат зад проектот гледаат на овие проекти како процеси за учење наместо како неуспеси.

Моментално, луѓе не живеат таму, но зградите напредуваат повеќе од 20 години. Сега, Универзитетот во Аризона се подготвува да го спроведе најголемиот експеримент во биосферата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука