Компетентноста е дефинирана како: „поседување на потребна способност, знаење или вештина да се направи нешто успешно“. Клучниот збор тука е „успешно“.
Само затоа што сте возрасна личност и што имате одредени обврски, не значи дека сте компетентна личност. Постои голема разлика во правење нешто и правење на тоа нешто добро. Некои од нас се подобри во овој свет на возрасните од другите. За да одлучите дали сте компетентни, потребно е да си ги поставите следните прашања:
Дали можете да прифатите критика?
Способноста да прифатите критика во животот е од суштинско значење за вашата компетентност. Сите знаеме некоја личност, која кога ја поправаат, се брани и смета дека секоја повратна информација е личен напад кон него. Никој не е совршен, дури ниту вие. Да се биде објективен за сопствените грешки не само што ве прави посилни туку и ве прави и подобри во она што го правите.
Дали можете да преговарате?
Преговорите се поврзани со компромис. Без разлика на тоа дали купувате автомобил или избирате каде да одите за ручек, преговорите со другите луѓе се дел од нашите секојдневни животи. Клучот е да не се откажувате.
Дали можете да се справите со себеси?
Ако едно копче излегува од вашата кошула, дали тоа значи дека таа е уништена или можете да ја направите? Ако ви се скинала гумата дали можете да ја смените или заглавени сте? Способноста да се грижите за малите работи во животот како шиење и одржување на автомобилот е голем знак за компетентна возрасна личност.
Дали можете да се извините?
Клучот на извинувањето, кој повеќето луѓе го забораваат, е признавањето дека не сте во право. Премногу често луѓето се извинуваат за нешто без да обрнат внимание на однесувањето кое предизвикало извинување.
Дали можете да направите буџет и да го одржувате?
Парите се често одлучувачкиот фактор за успехот на луѓето, меѓутоа не е работата колку пари имате, туку како ги користите. Трошењето на целата плата на нова чанта или уред и потоа „преживувањето“ до наредниот месец и не е баш знак за компетентност. Држењето до буџетот е она што е суштинско.
Дали сочувствувате со другите луѓе?
Сочувството е скоро изгубена форма на уметност денес. Само затоа што луѓето се повеќе свесни за она што се случува околу нив, не значи дека тие преземаат нешто за да го променат тоа. Сочувството доаѓа од местото кадешто живее несебичноста. Тоа е способноста да ги оставите вашите потреби настрана и да се погрижите за потребите на друго суштество.
Дали можете да побарате помош?
Сите доаѓаме до одреден момент во нашиот живот кога ни е потребна мала помош. Клучот тука не е да побарате помош, туку како ќе побарате помош. Потребно е да бидете свесни за што барате помош. Не се` во животот е криза, па постојат работи за кои можете да се погрижите самите.
Дали можете да готвите?
Можеби ви се чини глупаво, меѓутоа готвењето е вистински знак за компетентност на една возрасна личност. Готвењето за себеси не е само едноставно приготвување на храна за себеси туку купување на правилни состојки, заштедување пари, наспроти јадењето во ресторани. Способноста за готвење создава самодоволност која сите компетентни возрасни личности треба да ја имаат.
Дали можете да зборувате со луѓето?
Ефективната комуникација нема никаква врска со бројот на зборови кои го користите. Потребно е да слушате повеќе и да зборувате помалку. Толку е едноставно.
Дали можете да кажете не?
Способноста да одбиете покана во кафулето или колаче, е полесно да се каже отколку да се направи. Во животот, одлучувачки фактор за успех не се секогаш работите на кои велиме „да“, туку работите кои ги одбиваме.
Дали можете да управувате со вашето време?
Постојат толку многу часови во еден ден, па нивното ефикасно користење е разликата меѓу успехот и неуспехот. Само затоа што сте зафатени не значи дека успевате во се`.