Во понеделник во утринските часови ќе постојат услови за појава на слаба облачност. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Засилен северен и северозападен ветер се очекува во североисточните, источните и југоисточните предели каде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 23 степени.
Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 19 степени.
Во вторник сончево и топло со дневни температури од 13 до 22 степени. Во среда претежно сончево со локална облачност. Во четврток и петок сончево и топло со дневни температури од 12 до 21 степен во четврток и 11 до 20 степени во петок.
Weather4all.com.mk