Денес е среда, 8 февруари 2017 година, 39-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:33, а ќе зајде во 17:02 часот. Денот ќе трае 10 часа и 29
минути.
Претежно облачно и релативно топло утро за овој период од годината имаме
денеска со утрински температури кои се повисоки од повеќегодишниот
просек. Појава на магла имаме во одделни котлини како и на планинските
превои.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови појава на магла која
понекаде ќе се задржи и во раните претпладневни часови (Скопска и
Полошка котлина, како и во Пелагонија), а во текот на денот ќе биде
умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и постудено
време. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Утринските
температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе
достигнат до 4 односно до 13 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла која што ќе се
задржи и во раните претпладневни часови, а во текот на денот умерено
облачно со повремени сончеви периоди. Слаб северозападен ветер.
Утринската температура од 3 степени, додека пак дневната ќе достигне до
9 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Слично време и во четврток, појава на утринска магла
која што понекаде ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот умерено
облачно време со повремени и кратки сончеви периоди. Минималните
температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни од 1 до
11 степени. Во петок претежно облачно време, попладне во западните и
југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд а над 1000 метри
надморска висина врнежите ќе бидат од снег. Утринските температури од -2
до 6 степени, додека пак дневните од 0 до 10 степени. Во сабота умерено
облачно време со повремени сончеви периоди и температури од 1 до 11
степени. Во недела постудено утро со утрински температури од -6 до 2
степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и
температура од 0 до 10 степени.
Weather4all.com.mk