X
 22.11.2015 Образование

"Се заколнувам дека нема да препишувам на испити..."

Студентите од универзитетот од кој излегоа осум американски претседатели од овој семенстар ќе мораат да се заколнат дека ќе го почитуваат кодексот на честа и тоа неколку пати.

 

харвард


За прв пат после неговото оформување во 1936 година, студентите на Харвард мораат да се заколнат дека ќе го почитуваат кодексот на честа. А низ академската година ги очекува доста вакви ситуации.

На кратко, студентите ветија дека нема да лажат. На долго, тие ветија дека нема да препишуваат на испити, нема да измислуваат факти и нема да вршат плагијаторство, односно користење на туѓа работа како негова. Студентите се заколнаа на почетокот на семестарот и повторно ќе се заколнат пред секој испит и при секое запишување.

Со оваа заклета студентите и останатите членови на Харвард заедницата ги обврзува студентите нивните академски трудови да бидат создадени врз основа на интегритет, односно, студентите ќе се идентификуваат со училишните и интелектуалните стандарди на собирање на податоци, транспарентност и признавање на туѓи извори кои ги зеле додека работеле некаков вид на труд.

Д-р Брет Флехингер, декан на Харвард во врска со студентскиот интегритет и однесување изјавува дека пораката на кодексот на честа ја менува културата која тежнее кон добри оценки и се темели на академска искреност.

Причината за оваа заклетва е веројатно поради препишувачкиот скандал кој се случил во 2012 година. Еден од последните испити на Харвард е еден вид на „take-home“ тест, односно е премногу опширен за да се напише за еден или два часа, такашто студентите треба да го однесат дома, да го решат и на зададениот рок да му го дадат на професорот.

Секако, Харвард професорите на овој испит не ја забраниле употребата на учебниците. Од почетокот им било јасно дека овие забрани би биле бесмислени па на студентите им било дозволено користење на учебници, белешки или интернет, но не и консултации со наставниците, други ученици и слично.

Поради слични одговори на испитот, против 279 студенти кои го полагале испитот било покренато обвинение, а 70 од нив биле принудени да се отпишат од Харвард. За ваков престижен универзитет, овој скандал е трн во око кој не смее да се повтори.

Истражувањето од студентскиот весник „Harvard Crimson“ испитувал некои навики на студентите, па открил дека дури 70% од нив кажале дека препишувале на испит.

Покрај тоа, истражувањето ги открива и навиките на студентите. Две третини од студентите на Харвард доаѓаат како девици, повеќе од третина не пијат алкохол, а 20% од нив не одат на советување за менталното здравје. Но затоа 80% доаѓаат со iPhone во џебот.

Истражувањето на неколку професори од Универзитетот во Чикаго заклучува дека студентите имаат добри причини за препишување на испитите - не треба да се изненадуваме на тоа дека студентите препишуваат, се` додека оценките повеќе ги вреднуваме од искреноста. Она што треба да изненади е премалата количина на труд вложена во откривање на студентите кои препишуваат.

Она што сметаат дека би било поуспешно во спречувањето на препишувањето е преместување на распоредот на учениците пред испит. Со тоа учениците нема да знаат со кого ќе седат и им е оневозможено договарање пред испит.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование