Младински образовен форум ве поканува на трибината „Студентот како носител на општествени промени“ која ќе се одржи на 2ри јуни (вторник) во 13:00 часот во книжарницата „Децата од нашата улица.“
На трибината ќе се презентираат и дискутираат добиените наоди од истражувањето „Студентот како носител на општествени проблеми – истражување за конформизмот, локусот на контрола и граѓанската одговорност кај студентите“.
На настанот ќе се дискутираат потенцијалите на студентите за граѓански активизам, како и улогата на локусот на контрола во процесот на иницирање и спроведување на општествени промени, конформизмот како предуслов или пречка за граѓански активизам, улогата на граѓанскиот сектор за општествен развој, влијанието на општествените фактори и државни уредувања врз развивањето на активизмот кај студентите.
Говорници на оваа трибина ќе бидат:
1. Ненад Марковиќ, доцент на Правниот факултет ``Јустинијан Први`` при УКИМ
2. Маја Бојаџиевска, професорка на Филолошкиот факултет ``Блаже Коневски``при УКИМ
3. Јована Наумовска, истражувач на истражувањето „Студентот како носител на општествени проблеми – истражување за конформизмот, локусот на контрола и граѓанската одговорност кај студентите“- Младински образовен форум
Модератор: Моника Божиноска, Младински образовен форум
ФБ настан