Тесла го знаеме како млад научник најчесто фотографиран со свој изум или работејќи. Неговата последна фотографија покажува нешто сосема различно.
Тесла стои зад голем број изуми и патенти, но во времето на смртта тој бил во големи долгови. Финансиските проблеми оставиле голем печат на генијалецот.
Никола Тесла починал на 7 јануари во 1943 година од срцев удар. Тогаш имал 87 години.
Тогашниот градоначалник на Њујорк, Фјорело Лагвардија, во последното простување од научникот изјавил: „Никола Тесла умре. Сиромашен. А беше еден од најкорисните луѓе кои живееле некогаш. Тоа што го создаде е големо, а како што минува времето, ќе биде уште поголемо.“