„Животот е како да сте заробени во пештера и принудени да гледате сенки кои поминуваат на камен ѕид.“
Пред приближно 2.400 години, Платон размислувал за природата на реалноста. Тој ја претставил својата визија со познатата алегорија на пештерата. Тоа сега е најпознатата фигуративна претстава на значењето на животот и природата на реалноста.
Професионалците од „Тед-ед“ и порано ни создавале прекрасни анимирани илустрации на научни, филозофски и културни концепти, парадокси и факти. Овојпат ги поздравуваме со нивната илустрација на познатата алегорија на Платон.