Од денес, а само неколку недели по светската премиера, новиот миленик во светот на паметните телефони, HTC One A9 ексклузивно за македонскиот пазар е достапен во продажните салони на брендот Вип.
Престижниот HTC One A9, со компактен дизајн, уште подобра камера и прв паметен телефон на HTC со најновиот Android 6.0 Marshmallow оперативен систем, чија популарност и бараност расте секој ден, за корисниците е достапен во Вип No limit тарифниот план за склучен договор на 24 месеци и тоа за еднократен надомест од 11.999 денари или на 24 месечни рати од 499 денари преку потрошувачки кредит во соработка со НЛБ Тутунска банка.
HTC One A9 е изработен целосно во метал, надополнет со 5-инчен екран што и ја создава елеганцијата на телефонот. 13 мегапикселната камера овозможува кристално јасни фотографии, додека предната Ultra Pixel камера овозможува јасно селфи, дури и на најтемни места.
5- инчниот edge-to-edge дисплеј со целосна HD резолуција овозможува живописно и извонредно доживување на сите видео содржини, со дури 40% повеќе бои отколку стандардниот LCD екран.
Dolby Audio™ Surround системот овозможува висок 24- битен звук. Додека, со Quick Charge™ 2.0 технологијата, HTC One A9 за само неколку минути е подготвен за 7 часовно слушање музика, а со само еден допир овој Android 6.0. телефон ја нуди можноста за двојно побрзо симнување на филмови, музика, слики, одговори на повици и пораки.
HTC One A9 е достапен во две бои Carbon Gray и Opal Silver.
Наскоро HTC One A9 ќе биде достапен и во продажните салони под брендот ОНЕ.
За повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да ја посетат веб страницата
www.vip.mk или да се јават во контакт центарот на 077 1234.