Македонската асоцијација за човечки ресурси го прогласи Стефан Јовановски од Вип за најдобар менаџер за човечки ресурси за 2016 година. Во истражувањето што го спроведува македонската асоцијација за човечки ресурси, менаџерот на Вип е прогласен за најдобар во конкуренција на голем број домашни компании. Според асоцијацијата, Јовановски својата 20 годишна кариера ја градел постепено, соочувајќи се со низа предизвици особено минатите години откако стапи спојувањето на трите компании и нивните професионални кадри. Оценет е како менаџер кој во овој период успеал да одржи работна атмосфера и да креира мотивирачка работна средина за вработените.
“Голема чест, но уште поголема одговорност е да се носи титулата најдобар менаџер за човечки ресурси особено пред моите илјада колеги за кои безрезервно тврдам дека се едни од најдобрите на пазарот на труд во Македонија. Без нив и особено моите колеги во одделот немаше да успееме во моментите кога навистина притисокот беше голем и да продолжиме со квалитетна работа на телекомуникацискиот пазар во што и успеавме. Продолжуваме да го следиме чекорот со трендовите и да ги применуваме најсовремените алатки за управување со човечки ресурси во нашата компанија.”, изјави Стефан Јовановски, менаџер за човечки ресурси во Вип.
“Оваа награда е уште една потврда за стратегијата на Вип да ја негува корпоративната култура која се потпира на почитување на тимот и тимските вредности како основа во секоја сфера на работењето. Професионализмот и трудот кој вработените го вложуваат во секојдневното извршување на обврските ја подигаат вредноста на компанијата што секако е препознаено и од пошироката јавност. Инвестициите во развојот на човечкиот капитал останува наша заложба и во иднина водени од фактот дека компанијата се луѓето односно нејзините вработени”, изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на Вип.
Наградата за најдобар менаџер за човечки ресурси се доделува секоја година во рамките на меѓународната конференција за човечки ресурси.