Се чини дека денес можеме да им платиме се` на луѓето за да направат за нас: да ни го прошетаат кучето, да ја направат нашата гарнитура, да ни го организираат домот или пак да не` гушнат кога се чувствуваме осамено.
Токму така - можете да изнајмите „гушкач“ кој ќе ве гушка за 60 долари часот. Исто така можете да платите „деверуша“ која ќе стои покрај вас на вашиот најважен ден или пак „професионален плачко“ кој ќе плаче со вас на погреби.