Грешките во правописот во апликациите за работа или во кратката биографија се едноставни, но сепак многумина ги прават.
Една анализа на 40.000 CV-ја на Австралијанци, пратени како дел од апликација за работа покажала дека две третини од барателите на работа имаат помали шанси за вработување токму поради правописот. 67% од нив имале барем една грешка, а 50% имале четири или повеќе.
Џим Бриџит, експерт за кариера од Австралија изјавил дека резултатите не го изненадиле затоа што генерално состојбата со апликациите за работа е ужасна. Тој вели дека дури и кога биографијата е одлична, една грешка во правописот ја намалува шансата за вработување за 50%.
Освен грешките во правописот, тој вели дека оние кои бараат работа не ја приспособуваат нивната биографија на работата која сакаат да ја добијат и не ги нагласуваат нивните достигнувања. Всушност тие не истакнуваат како додале вредност на нештата и направиле разлика, а наместо тоа прикажуваат листа на одговорности.
„Одговорностите ги дава работодавачот, а работа на
вработениот е да даде нешто повеќе од нив“, вели Бриџит.