X
 04.12.2015 Култура

Филмови кои не смеете да ги пропуштите овој месец

Тешко е да се поверува, но веќе поминува почетокот на последниот месец од 2015 година - и колку одлична и плодна филмска година имавме.

 

film


Сепак, тоа не значи дека е крај, особено со оглед на тоа што некои од највозбудливите и најочекуваните филмови оваа година се`уште не ја доживеале својата премиера.

Погледнете некои од декемвриските филмови кои вреди да се погледнат.

„Victor Frankenstein“, премиера 3 декември

 

За прв пат, Џејмс МекАвој и Даниел Редклиф ги здружуваат силите и се појавуваат во иконската приказна од Мери Шелеј.


Џејмс и Даниел ги глумат Виктор и Игор Франкенштајн, а како режисер се појавува Пол МекГуиган, под чијашто режисерска палка беа „Gangster No.1“ и „Lucky Number Slevin“.

„By the sea“, премиера 11 декември

 

Во далечната 2005 година Анџелина Џоли и Бред Пит за прв пат глумеа во Mr & Mrs. Smith - верувале или не, тоа беше пред 10 години. Овој месец тие повторно се обединуваат за овој филм во кој Џоли се враќа на режисерското столче.


Ова е трет нејзин режисерски филм, а прв за Бред Пит во кој неговата сопруга се појавува како режисер.

Филмот ја следи приказната на американскиот писател Роланд (кој го глуми Пит) и неговата сопруга Ванеса (Џоли) кои пристигнуваат во одморалиште покрај море во 70-те во Франција, а нивниот брак е во голема криза.

„Star Wars: The force awakens“, премиера 17 декември

 

Кога станува збор за декемвриски филмови, не постои ништо поголемо од „Star Wars: The force awakens“, кој веќе започна со заработка од 50 милиони долари од пред продажбата на билетите. Со право критичарите очекуваат да биде еден од најголемите филмови на 2015 година, особено со оглед на фактот што последниот „Star Wars“ филм беше пред 10 години.


„Snoopy and Charlie Brown: The Peanuts Movie“, премиера 21 декември


 

Филм кој со нетрпение го очекуваат фановите на стрипот со Снупи и Чарли Браун. Ова е прв пат Снупи и Чарли Браун да се појават на големиот екран, а режисер на цртанот е Стив Мартино, познат по мегапопуларната франшиза „Ice Age“.


„In The Heart of the Sea“, премиера 26 декември

 

Филмот го најави враќањето на кинематографеерот Рон Хауард, а ова е првиот филм на Хаурад после неговиот огромен успех со „Rush“. Филмот е базиран на книгата со ист наслов од Натаниел Филбрик. Приказната го раскажува потонувањето на бродот „Essex“ во 1820 година, а ова потонување беше инспирација за добро познатата приказна „Моби Дик“. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура