Повеќе од 30 години работата на Квентин Тарантино предизвикува огромна дискусија меѓу љубителите на филмот. Секој љубител на филмот го знае секој филм направен од Тарантино - „Касапски кучиња“, „Евтини приказни“, „Омразените осуммина“, „Беше еднаш во Холивуд“.
Во видеоесејот подолу со наслов „Сега го гледаш“ се анализира делото на Тарантино, во најголем дел лично од Тарантино.
- Исто како неколку млади Французи да се во кафуле, како да зеле банален американски крими-роман и сега прават филм, ама не базиран на тој роман, туку на поезијата што ја читаат меѓу редови - вака Полин Каел, критичар од „Њујоркер“,
го опишува Тарантино.
Овие и други слични клипчиња можат да се најдат на видеото подолу и ги сочинуваат деловите што не потекнуваат директно од филмовите на Тарантино или филмовите што го инспирирале.
Инспирација на
Тарантино е познатиот француско-швајцарски филмски режисер Жан-Лук Годард. Овој режисер го инспирирал Тарантино на голем број акти на културна транспозиција, а овој видеоесеј ги спојува и коментарите на уште неколку познати луѓе: Кристоф Валц, кој раскажува за неговиот лик во „Неславни копилиња“ каде што го глуми Ханс Ланда, за кој Тарантино вели дека можеби е и најдобриот лик што некогаш го создал, а Валц го игра со толкаво уживање што успеа да ги фасцинира и оние што мразат филмови.
Фото: Screenshot/YouTube