X
 11.12.2015 Живот

Реакцијата на Мохамед Али на изјавата на Доналд Трамп

После неодамнешниот предлог од страна на Доналд Трамп во кој вели да се забрани влегувањето на сите муслимани во Америка, поранешниот боксер Мохамед Али не можел да се воздржи а да не искоментира.

 

али


И покрај тоа што во својот коментар не го именувал американскиот политичар, сосема е јасно на кој мисли кога го објавил одговорот со наслов: „Претседателските кандидати предлагаат забрана за доселување на мсулиманите во Америка“.

„Јас сум муслиман и сметам дека не постои ништо исламско во убивање на невини луѓе во Париз, Сан Бернардино или на било кое друго место во светот. Вистинските муслимани знаат дека насилството на таканаречените исламски џихадисти се коси со основните принципи на нашата вера.

Ние како муслимани мораме да се бориме против оние кои го користат исламот за промоција на своите лични цели. Тие се отуѓени од учењето за исламот. Вистинскиот муслиман знае или барем би требало да знае дека насилното наметнување на исламот се коси со нашата религија.

Верувам дека нашите политички лидери треба да ја искористат својата позиција за да го подобрат сфаќањето на исламот и да објаснат дека овие заслепени убијци го извртија мислењето на луѓето за тоа што навистина претставува исламот“, вели Али.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот