X
 18.11.2024 Живот

Американките складираат резерви од контрацептивни таблети откако Трамп победи на изборите

По американските избори, многу млади жени се соочуваат со нова реалност, како што велат - непочитување на репродуктивните права, што особено ќе биде изразено кога Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс ќе ја преземат функцијата.

Ако постигнат сè што планирале, контрацептивните средства од секаков вид би можеле да станат помалку достапни во САД, а абортусот може целосно да биде забранат. Поради страв од сето ова, жените во САД одлучиле да набават апчиња за контрацепција и итни контрацептиви. Тие наведуваат дека е страшно да се размислува за решенијата што треба да ги бараат за време на следниот мандат на Трамп.

- Се плашам да планирам друго дете. Дали претерувам со тоа што размислувам да купам апчиња за абортус ако ми требаат? Не можам да размислувам за сето ова - тврди една од нив.

Според „Планирано родителство“, сообраќајот на нивната веб-страница многу се зголемил еден ден по изборите во САД. Многу жени се распрашуваат и истражуваат информации за начините за вметнување спирала и други начини за контрацепција.

Компаниите за контрацепција, како „Виспа“, забележале зголемување од 600 проценти на состаноците за медицински абортус по изборите во САД и речиси 1.000 проценти зголемување на продажбата на итна контрацепција.

Компанијата „Винкс хелт“ тврди дека по американските избори продале седум пати повеќе таканаречени „апчиња за утрото потоа“, а многу други компании известуваат дека забележале огромен пораст на продажбата на средства за контрацепција.

Од „Планирано родителство“ наведуваат дека слични ситуации имало во 2022 година по пресвртот во предметот „Роу против Вејд“, со кој се укина уставното право на абортус, како и во 2016 година откако Трамп ја презеде функцијата. Дури и тогаш многу жени се одлучиле за долгорочни методи за контрола на раѓањето, како што е користењето спирали.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот