X
 12.12.2015 Технологија

Како да дознаете кога некој друг го има вашиот телефон?

Корисниците на часовникот на „Apple“ знаат дека не мора да го вадат телефонот од џебот или чантата секогаш кога некој воспоставува повик или пишува смс-порака. Но, ова значи дека телефонот е почесто подалеку од корисникот и станува полесна цел за крадците. Нова апликација го решава проблемот на овие корисници.


Апликацијата е направена од австралиска компанија и е наречена „Unhand me!“. Кога телефонот е заклучен, апликацијата препознава кога некој го допира телефонот и испушта предупредувачки звук. Истовремено, корисникот добива предупредување на својот часовник.

Корисниците може да одберат звуци за предуредување од 37-те понудени и да постават периметар за да бидат известени кога телефонот ќе биде надвор од одреден регион.

Дејвид Валш, човекот зад апликацијата, наведува дека „има многу сценарија кадешто апликацијата може да биде корисна“ и е „исто како да имате два пара очи“. Апликацијата функционира и со други уреди, како таблети.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија