X
 30.05.2017 Технологија

„WhatsApp“ копира опција од „Facebook“

Според информациите кои се појавија во јавноста и кои ги има „WABeta“, „WhatsApp“, планира да ги вметне популарните „стикери“ во својот чат, што би значело дека ќе ги „украде“ од „Facebook Messanger“. Првата реакција на оваа информација не е позитивна.


Апликацијата „WhatsApp“, како што е познато е во сопственост на „Facebook“ и би можела да појде по неговите стапки, кога се во прашање „стикерите“ кои се додадени уште во април 2013 во апликациите на „iOS“ и „Android“.

Дизајнот и боите потсетуваат на оние кои се користат во „Messanger“. Ривалот на „WhatsApp“, „Line Messanger“, веќе одамна ги користи „стикерите“ и со нив заработиле многу пари. Пред две години, дури заработиле 10 милиони долари месечно само од нив. „Apple“ исто така претстави свои „стикери“ на својот сервис „iMessage“.

Уште не е јасно дали „WhatsApp“, ќе го копира нивниот модел. Корисниците на „Twitter“ упатуваат критики до „ Facebook“, бидејќи ги дели своите препознатливи опции со други апликации.

WhatsApp“ неодамна објавија импресивни статистики за користењето на апликацијата. Дури 1,2 милијарди корисници месечно секој ден на апликацијата поминуваат повеќе од 340 милиони минути обавувајќи околу 55 милиони повици.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија