X
 16.12.2015 Живот

Три шанси за 7-ка на лото!



Државна Лотарија на Македонија, за прв пат за новогодишното извлекување на Ново лото 7/34, кое ќе се одржи на 30.12.2015 година на ТВ СИТЕЛ во 20 часот ќе понуди до 3 шанси за 7 – ка. 

Уплатата започнува од 17 – ти декември, четврток, а целта на Државна Лотарија на Македонија е некој од верните играчи на Ново лото 7/34 со добивка 7- ка да влезе во 2016 – та како милионер.

Во тек на 2015-та година имавме четири седумки и се надеваме дека токму петата ќе ја добиеме во последното коло, за празнично да ја затвориме до сега најбериќетната година за играчите на игрите на среќа, велат од Државна Лотарија на Македонија.

Во колото кое ќе се реализра на 30 – ти декември, Државна Лотарија на Македонија на сите верни играчи на Ново лото 7/34, ќе им даде повеќе шанси за добивка, во пресрет на новогодишните празници. Од утре – четврток, секој играч кој со овие специјални новогодишни ливчиња, ќе уплати барем една комбинација на Ново лото 7/34, на 30.12.2015 ќе има шанси со својата уплата да учествува во специјалното празнично коло.

Имено, најпрво ќе има едно извлекување за сите категории на добивки со четири, пет, шест, шест+1 , седум погодоци. За сите оние категории за кои нема да се постигне ниту една добивка, второто извлекување е шанса за постигнување на истата. Доколку и во второто извлекување останат добивки кои не се постигнати, следува третото извлекување, како шанса за постигнување на непостигнатите добивки.

За играчите на дополнителната игра Џокер извлекувањето следува на крајот од новогодишното коло. Ова е уште една шанса за добивка за сите редовни играчи на Ново лото Џокерот. Во извлекувањето за Џокерот ќе се извлекува за сите категории Џокер добивки.

Седумката ќе биде во вредност од најмалку 6.000.000 денари. Од Државна Лотарија на Македонија им пожелуваат среќа на сите кои ќе им дадат шанса на своите броеви и ќе ги вклучат во трката по 5-тата седумка во 2015та.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот