10.09.2015
Живот
Добитник на 7ка НовоЛото е пензионерка од Скопје
По објавувањето на извештајот од 71 коло на НовоЛото, во просториите на Државна лотарија на Македонија , се очекуваше добитникот со потврдата за уплата , вредна 6.000.000 денари.
Токму денес се запознавме со добитникот на 12-тата седумка или 4-тата седумка во 2015та. Се работи за добитничка ,пензионерка од Скопје, долгогодишен играч на играта на среќа лото и верен играч на НовоЛото, без ниту едно пропуштено коло за уплата. Добитничката, чија желба за анонимност ја почитуваме, весело ни ја раскажа свoјата среќна приказна. Лотото е мојата забава, рече таа, пополнувањето на комбинациите со бројчиња е мој ритуал, а очекувањето на извлекувањата секогаш ме држи во исчекување и ме исполнува со возбуда. Емисиите се куси и интересни за гледање. Емисијата во која беа извлечени токму моите броеви, ја изгледав со задоволтсво, ги запишував бројчињата кои се извлекуваа на лист хартија , а дури потоа ги споредив со моите уплатени броеви. Чувството дека се извлекоа моите 7 бројчиња беше неверојатно. Од секогаш сум верувала дека треба да се игра за да се добие, но не верував дека ќе ги имам токму сите седум броеви. Ова е мојата прва голема добивка, а од неа ќе има доволно за сите внуци и правнуци, весело раскажуваше добитничката.
Нашата најнова членка во семесјтвото на НовоЛото милионери играла четири колони со по седум броеви. Ги играла бројките од датумите на родендените на своите најблиски кои за уплатени 60 денари или близу едно евро, и донесоа добивка од 6.000.000 денари, или близу 100.000 евра.
Среќната добитничка ги напушти просториите на Државна лотарија на Македонија , со порака до играчите на НовоЛото 7/34: Никогаш не губете надеж , играјте редовно и верувајте дека еден ден среќата ќе ви се насмее токму вам.