Како и изминатата година, Бил Гејтс ја објави својата годишна листа на најдобрите вести во текот на изминатата година. На својата интернет-страница „Gates Notes“, тој пишува дека тешко е да се биде оптимист за иднината во вакво време, но се случиле некои добри работи.
Од една страна, заканите како глобалното загревање, тероризмот и енергетската криза стануваат пострашни, но многу земји и истражувачи ја изразиле својата желба и посветеност за подобрување на ситуацијата. Од друга страна, Гејтс најбројува 6 добри работи кои се случиле изминатава година. Тоа се:
6. Америка е првиот регион кој ја елиминирал рубеолата
Америка станала првиот регион во светот кој го елиминирал вирусот рубеола, а ова било постигнато со 15-годишна кампања за вакцинација.
5. Пораст на мобилното банкарство
Бил Гејтс го нарекол мобилното банкарство како едно од најдобрите алатки за борба против сиромаштијата. Повеќе од 2 милијарди луѓе немаат пристап до банкарските услуги за штедење и инвестирање, но мобилното банкарство го менува ова, според него. Денес, 75% од возрасните кои имаат сметка во банка имаат мобилен пристап до сметката, во споредба со само 42% од 2011 година во Кенија, а други земји кои забележуваат напредок се Бразил, Руанда, Танзанија, Бангладеш и Индија.
4. Подготовката за матура е бесплатна
Компанијата која ги прави тестовите за матура кои ги полагаат американските средношколци кои сакаат да го продолжат образованието сега соработува со „Khan academy“. Резултатот е портал за учење наменет за учениците.
3. Нобелова награда за истражувачите кои се борат против болеста на сиромашните
Годинава, Нобеловата награда во физиологија и медицина беше доделена на Вилијам Ц. Кемпбел од САД и Сатоши Омура од Јапонија, кои го направиле лекот за болестите кои се создаваат од паразитските црви. Ту Јоујоу од Кина бил награден за лекот против маларијата.
2. Аргументот на Нил Де Грас Тајсон за науката
Астрофизичарот Тајсон ја прифатил најпрестижната награда на Националната научна академија во април со одличен говор. Гејтс го нарече говорот „најдобар аргумент за науката“. Погледнете го говорот во продолжение.
1. Ниту еден нов случај на детска парализа во Африка
Нигерија беше последната земја во Африка која го сопре пренесувањето на детската парализа во јули годинава. Кога започнала глобалната кампања за борба против детската парализа во 1988 година, таа била присутна во 125 земји. Сега, таа е ендемска само во Авганистан и Пакистан.