Во овогодишното видео кое нуди поглед назад собрани се најпознатите настани во различни категории вклучувајќи глобални теми, филмови, тв емисии, естрадни уметници, атлетичари и места. За да се измери нивната популарност, социјалната мрежа испитуваше колку често одредена тема на Фејсбук била споменета и колку постови биле напишани од 1 јануари до 1 декември 2015 година.
Топ 10-те глобални теми даваат фасцинантен поглед кон светот, и ги вклучуваат претседателските избори во Америка, граѓанската војна во Сирија и бегалската криза, Непал земјотресите и брачната нееднаквост. Секоја тема се проширува и вклучува релевантни Фејсбук мислења од корисниците.
Топ 10-те теми:
1. Американските претседателски избори
2. Нападите во Париз на 13 ноември
3. Граѓанската војна во Сирија и бегалската криза
4. Земјотресот во Непал
5. Грчката должничка криза
6. Брачна еднаквост
7. Борбата против Исис
8. Набадите на Шарли Ебдо
9. Протестите во Балтимор
10. Нападот во Чарлстон, Јужна Каролина и дебатата со знамето
За разлика од „Your year in review“, видео кое ги прикажува вашите значајни настани и теми во животот, „Year in review“ ги прикажува настаните низ целиот свет и претставува поразлична и помрачна слика за крајот на годината.
„Како што 2015 година доаѓа до својот крај, сите се сеќаваме за што сме размислувале оваа година и разликата што сме ја направиле со тоа што се здруживме заедно“, вели Фејсбук. Видеото завршува со пораката: „Let's stand together in 2016“.