X
 15.03.2019 Технологија

Новите чипови „снапдрагон“ поддржуваат камери до 192 мегапиксели

Американскиот производител на чипсетови за мобилни уреди „Квалком“ објави дека нивните процесори „снапдрагон“ ќе поддржуваат поединечни резолуции на камери до 192 мегапиксели.

Меѓу чиповите на кои се однесува ова унапредување се наведени „снапдрагон“ 855, 845, 710, 675, и 670.

Најновите подобрувања на спецификациите на чиповите сега нудат посебна поддршка кога се во прашање поединечните и дуалните камери.

Новите подобрувања на чиповите се особено интересни за девелоперите што работат на проекти, како што е апликацијата „Гугл камера“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија