X
 25.05.2018 Технологија

Нов чип кој од темел ќе го потресе светот на паметните телефони

Најновиот потег на „Самсунг“ е еден вид на напад над чиповите развиени од страна на „Квалком“ и „Mедиатек“. Напад над чипсетовите како „Snapdragon 845“ на „Квалком“, кој, инаку, се наоѓа во речиси сите Андроид телефони.

„Квалком“ е многу близок партнер на „Самсунг“, кој во текот на изминатите неколку години стана доминантен. Неговата пазарна сила е толку голема што дури и „Samsung Galaxy S9“ и „Samsung Galaxy S9 Plus“ во САД и во Кина користат чипсетови од „Квалком“. Во Европа се користи чипсетот „Exynos 9810“ на „Самсунг“, кој во фабриките на „Самсунг“ се произведува рамо до рамо со оние на „Квалком“.

Сето ова би можело да се промени на почетокот од идната година. „Самсунг“ е во преговори со бројните произведувачи на телефони во обид да го прошири својот бизнис на изработка на чипсетови. Се до денес „Exynos“ практично беше ексклузивен во телефоните и таблетите на „Самсунг“. Тоа е чипсет кој е многу сличен на оние кои ги развива „Квалком“. „Exynos“ во секоја досегашна генерација настојуваше да го следи „Snapdragon“ во чекор за да им понуди компарабилни функции на купувачите. Тоа е многу логичен потег, со оглед на тоа дека „Самсунг“ не сака паметни телефони кои во некои региони работат побрзо отколку во други.

Постои одредена разлика меѓу „Snapdragon“ и „Exynos“. Иако чипот на „Самсунг“ често се става над оној на „Квалком“, разликата во перформансите е речиси незабележлива.

Фото: Tportal

„Самсунг“ мора да поработи на неколку многу важни нешта ако сака да го понуди својот нов чипсет на сите производители на Андроид телефони. „Exynos 9810“ троши повеќе струја од „Snapdragon 845“ и не поддржува снимање на HDR видеа како „Квалком“. Оваа функција е исклучена на сите телефони на „Самсунг“ со инсталиран „Snapdragon“ за „Samsung Galaxy S9“ да има исти функции на сите пазари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија