Можеби никогаш не ви паднало на памет дека постои друг град во светот со исто име како вашиот, но тој е сосема поинаков.
Париз, Франција и Париз, Тексас
Фото: Pixabay
Сличностите меѓу двата града застануваат на името. Освен минијатурната Ајфелова кула со каубојска капа на врвот, нема да најдете друга сличност со Париз во „најдобриот мал град во Тексас“.
Либан и Либан, Њу Хемпшир
Фото: Pixabay
Можеби ќе ве изненади што не мора да одите на Блискиот Исток за да го посетите Либан. Всушност, има 47 града во САД што го делат ова име. Меѓутоа, наместо да ѝ оддадат почит на азиската земја Либан, тие се повикување на библиското име. Основачите на градовите биле многу религиозни и мислеле дека Либан ќе биде совршеното име.
Глазгов, Шкотска и Глазгов, Монтана
Фото: Pixabay
Овие градови немаат ништо заедничко. Глазгов во Шкотска е голем град и индустриски гигант. Додека Глазгов во Монтана, именуван по својот шкотски пар, е мал град заснован на земјоделство.
Мемфис, Тенеси и Мемфис, Египет
Фото: Pixabay
И двата града имаат огромни реки во близина, но само еден има пирамиди стари 4.500 години. Основачите на Мемфис, Тенеси, решиле да го копираат името поради сличноста на реката Мисисипи со реката Нил. Разликата е едноставна. Ако сакате да ги видите античките пирамиди и ако сакате одличен рокенрол, тогаш Тенеси е вашето место.
Спрингфилд, Њу Џерси и Спрингфилд, Илиноис
Не постои еден, туку 41 град наречени Спрингфилд во САД, што го прави второто најзастапено име во САД по Вашингтон. Меѓу овие 41 верзија дефинитивно има многу сличности.
Москва, Русија и Москва, Канзас
Фото: Pixabay
Ова име на градот во Канзас е резултат на правописна грешка. Вистинското име требало да биде Моско, по шпанскиот конквистадор Луис де Москос. Така, сега има две Москви, но поради печатна грешка.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik